Пејачката покажа дека не мора да користи само авиони и автомобили како превозни сретства, туку, како и останатиот свет избра автобус и со него се врати од Софија каде одржа концерт пред 12.000 луѓе.
Цеца Ражнатовиќ не можеше да го чека следниот лет од Софија за Белград и со екипата се варти со автобус. Во спортска гардероба со екипата на емисијата „Премиера“ таа направи интервју во текот на патувањето.
– Овие луѓе ме следат со огдини, видете, сега е 2 часот по полноќ и атмосферата во автобусот ни е одлична, се шегуваме, се забавуваме. Можеби ќе почнам почесто да го користам ова превозно сретство. Ова не е прв пат вака да патувам после концерт. Од Виена се враќав со автобус, рече Цеца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.