| четврток, 6 декември 2018 |

Вељановски: Освен „стрпете се“ нема никаква друга реакција за скандалот од Министерството за култура

Поранешнииот дирекот на Драмски театер, Роберт Вељановски вели дека суштината на проблемот за скандалозната годишна програма на Министерството за култура е многу подлабока. Тој на свјот Фејсбук статус пишува „Да, годишната програма е навистина заштитничка. Се заштити коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ“.

– Во таа програма спорни се многу моменти, од моменти каде што има сериозни соменија дека има непотизам, дека се делени пари заради некои поинакви активности. Ако минатат влада која за 2017 година поддржала со годишната програма 1 593 проекти и беше обвинувана за популизам, овој состав на министерството за култура кој што има поддржано повеќе од 2 650 проекти не е популистичка? Уште поалармантно е тоа што освен „стрпете се“ нема ниту една друга реакција од министерството за култура истакна Роберт Вељановски во емисијата „Ѕид“ на Алфа ТВ.

Тој додаде дека огромен број на реакции пристигнаа за скандалозниот проблем кој го направи Министерството за култура.

Овој скандал тој го спореди со сличниот кој се случил деновиве во Словенија. Тој истакна дека во Словенија за разлика од кај нас, сите биле повикани од Министерството за култура, Министертвото за финансии и од претседателот на Владата за да се изнајде решение околу спорните нешта. Велјановски смета дека кај нас проблемот многу ќе се пролонгира, што не е коректен однос на Министерството за култура и владата на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top