Грчките медиуми дадоа големо внимание на “бомбастичната” изјава на премиерот Еди Рама за потребата од заеднички претседател на Албанија и на Косово, оценувајќи го како „враќање на сеништето за Голема Албанија“.
„Сеништето на Голема Албанја повторно се буди, за да стане реалност“ или „Еди Рама сонува како Ердоган; Границите на срцето еден ден да станат реалност“, се некои од насловите во грчките медиуми за изјавата на Рама од пред два дена.
Медумите посебно ја посочуваат реакцијата на официјален Брисел, во врска со изјавата, која ја оценува како несоодветна, како политичко мешање во соседните земји, кое не помога во градењето добрососедски односи и е на штета на интеграцијата на двете земји.
Во исто време наведуваат дека изјавата на Рама, добила негатвни коментари во дел од албанската политичка сцена, за кои „идејата на Рама е обид повеќе да направи медиумско шоу“.
Инаку, Рама од свечената седница на косовскиот Парламент, по повод десетгодишнината од незавсноста на Косово, порача дека заеднички претседател за Албанија и Косово ќе биде најдобар пример за единство на двете земји и оти тоа би можело да се реализира по десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


