| четврток, 6 декември 2018 |

Тмурното и дождливо време продолжува и утре

Продолжува облачното време со слаби врнежи од дожд и во текот на вторник. Сè на сè може да ќажеме дека малку поврнежливо би било во западниот крај, но според очекуваната количина на дожд, која ќе биде прилично мала, бесцелно е да правиме вакви споредби. Може да се каже само дека дожот би бил позачестен попладне.
Снег се очекува на висина над 900 метри.

Ќе дува умерен југоисточен ветер, особено околу пладне.

Минималната температура низ котлините ќе има вредност генерално помеѓу 2°С и 5°С, а на повисоките места околу -1°С. Максималната вредност ќе биде помеѓу 4°С и °7С во котлините од северниот и западниот регион. Појтопло ќе биде во југоисточниот крај, со максимална температура околу 9°С.

Скопската котлина очекува облачно време, со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер.

Температурата ќе има минимална вредност околу 2°С, а максимална вредност околу 6°С.

Извор: Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top