| четврток, 6 декември 2018 |

Втора шанса – пратениците утре ќе бираат потпретседатели на Собранието

По пауза од две недели пратениците утре се враќаат во Собрание. Закажани се неколку комсии и две собраниски седници. Доколку се обезбеди кворум ќе се гласа и за потпретседатели на Собранието, а тоа е втора среќа Фросина Ременски, Горан Мисовски и Весел Мемеди да бидат изглaсани за потпретседатели на Собранието. Точката за избор на потпретседатели е прва на дневен ред на утрешната седница.

На дневен ред е и предлогот на пратеникот на ВМРО- ДПМНЕ Антонијо Милошоски за објавување на оглас за нова ДИК, како и повеќе ратификации, но и повеќе измени на закони по скратена постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top