| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен возач кој превезувал новинари кај Трамп: Обезбедувањето пронашло пиштол кај негo

Возач на комбе кој превезувал новинари кои го следат претседателот Донал Трамп, е уапсен откако агентите на Тајната служба во неговата торба пронашле пиштол. Оружјето е откриено за време на претрес на возилото, пред влегување на имотот на претседателот во Флорида. Од Тајната служба, според Ројтерс, било информирано дека никој не бил во животна опасност.

Возачот им рекол на новинарите дека заборавил да го префрли своето лично оружје во друг автомобил.

Тој и уште три возачи на комбиња кои превезувале новинари се променети пред да влезат во имотот на Трамп. Како што се наведува, на неговиот имот е одржана парада на автомобили, а новинарите кои ги превезувал уапсениот маж известувале за тој настан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top