| четврток, 6 декември 2018 |

Младата графичарка Шкипе Мехмети ја доби наградата Гран-при на 17. Зимски салон

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Македонија и во соработка со Национална Галерија на Р. Македонија на 16.02.2018 година го реализираше 17-то издание на „Зимски салон“ во Национална Галерија на Р. Македонија објект – Чифте Амам.

На овогодишеното издание учество земаа 39 домашни автори и 11 автори од странство. Наградата Гран при (престој во ателјето „Citè des Arts“ во Париз) која што ја овозможува Министертсвото за култура на Р. Македонија беше доделена на младата графичарка Шкипе Мехмети.

– Наградата Гран при се доделува за професионална изведба и смелиот пристап во ликовната тема. Во најдобрата традиција на преиспитување , кршење и надминување табуа, уште од зрелиот модернизам, налик на ликовните фигуративни остварувања на Макс Бекман, награденото дело на младит уметник Шкипе Мехмети, изработено во класична графичка техника на длабок печат, ни носи спектрален момент предизвикан од надминувањето на границите. ДЛУМ-овата награда за ова графичко дело, јасно говори дека класичната изработка се наметнува со својот современ пристап и свежина, паралелно со остварувањата на ликовните дела во новите медиуми и технологии кои во современата уметност денес се повеќе привлекуваат внимание – смета професор д-р Никола Шуица, селектор на 17. Зимски салон.

За љубителите на уметноста изложбата ќе биде отворена до средината на март месец секој ден освен понеделник.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top