| четврток, 6 декември 2018 |

Специјална проекција на францускиот филм „Честа на офицерот“ во чест на Жан Рошфор

Францускиот институт во Скопје и Кинотеката на Македонија организираат специјална проекција на францускиот филм „Честа на офицерот“ (1977 год.), в среда 21 февруари 2018, во 20 часот, во Кинотеката на Македонија во чест на францускиот актер Жан Рошфер.
Актерот, којшто почина на 9 октомври 2017 година, за оваа улога беше награден со Цезар за најдобра машка улога.

Емануел Рембер, директор на Францускиот институт во Скопје и Советник за култура при Амбасадата на Франција, на отворањето на вечерта, ќе направи омаж на Рошфор, преку куса презентација на богатата кариера на актерот, по што следи проекцијата на оваа драма на Пјер Шендорфер.

Филмот е со превод на македонски јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top