
Свадбата на Цеца и Аркан важи за „свадба на векот“, но никој не знаеше што морал да направи младоженецот за да се ожени со фолк-пејачката
Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчаа на 19 февруари 1995 година. Пред самата венчавка, младоженецот морал да побара благослов од црквата затоа што од својата избраничка бил постар 21 година и веќе имал неколку брака зад себе. Токму затоа испратил молба до патријархот за дозвола да склучи црковен брак со Цеца.
Свадбата на Цеца и Аркан ја следеа и двете најголеми медиумски куќи во Велика Британија и во Америка – „Би-би-си“ и „Си-ен-ен“.
Пејачката блескаше во венчаница на грчкиот дизајнер Димитриос, а Аркан носеше униформа на војвода од Првата светска војна. Црковното венчавање се одржа во црквата „Свети Гаврил“, а прославата во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. Невестинската торта имаше дури пет ката и тежеше 70 килограми.
Вкупните трошоци за свадбата изнесувале 100.000 марки, а го платил пријателот на Аркан од Италија, Џовани ди Стефано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


