
Двајца мажи од Хрватска и Босна и Херцеговина се товарат дека со пластичен нож и пластичен пиштол ограбиле пет обложувалници и осум аптеки во Хрватска, при што одзеле повеќе од 40.000 куни.
Полицијата во Загреб ги товари 26-годишниот Хрват и 36-годишниот државјанин на Босна дека заедно од 8 јануари извршиле шест разбојништва, а Хрватот претходно самиот извршил уште шест.
До местата на злосторството доаѓале пеш или со изнајмен автомобил. Постариот осомничен чекал во автомобилот, додека младиот маскиран влегувал во аптеката или обложувалниците од вработените ги крадел парите заканувајќи им се со пластичен нож или пиштол.
Двајцата биле уапсени за време на разбојништво во аптека.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


