Ново судско рочиште за случајот со дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров треба да се одржи денеска во Кривичниот суд.
Пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.
Стојановски се обиде да изврши атетнтат на министерот за здравство во заминување на 1 јуни минатата година непосредно пред Тодоров да му го предаде кабинетот на новоназначениот министер за здравство Арбен Таравари. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Поради постоење опасност од бегство и од повторување на кривичното дело Љупчо Стојановски е во притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


