| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе пет месеци држено во болница поради долг од 3000 долари

Пет месеци бебето Ангела било држанбо од приватна клиника , која и се заканила на мајката дека прво треба да го плати долгот.
Мајката , конечно по пет месеци денеска го доби бебето , откако во Габон се собраа доволно средства од хуманите.

И претседателот на Габон Али Бонго се приклучил кон донаторската кампања со цел да се соберат 3630 долари за да може бебето да излезе од болница.

Мајката во изјава за медиумите им се заблагодари на хуманите и рече дека единствено и е жал што го изгубила млекото за овие пет месеци и не може да ја дои Ангела . Вчера бил уапсен и директорот на приватната клиника под сомнение за киднапирање бебе, но набргу бил ослободен.

Сумата што ја барала клиниката требало да се плати за сметката за бебето, кое било предвреме родено и 35 дена било во инкубатор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top