| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарски културен клуб до Заев: Подарете ги спомениците на Грција и откажете се од историјата која не е ваша

Бугарскиот културен клуб од премиерот Зоран Заев, министерот за надвореши работи, Никола Димитров и претседателот на Собранието, Талат Џафери, бара во знак на добра волја, Македонија да ги подари на Грција сите споменици кои се посветени на античка Македонија, а истовремено, да не именува улици и институции со имиња на историски личности кои претставуваат конфликт на интереси меѓу двете земји. Целта на Бугарскиот културен клуб, како што велат, е брзо решавање на спорот со името кој Грција го има со Македонија, па според нив, цената која треба да ја плати Македонија е откажување од историјата, за која БКК вели дека е измислена.

Во декларацијата која тие ја испратиле до владеачката структура, наведуваат дека Македонија треба да отфрли тврдењето дека македонците се наследници на античко македонско царство. Тие ја поддржуваат Македонската православна црква-Охридска епархија што побарала од БПЦ да биде нејзина црква мајка.

-Настојуваме во договорот кој ќе ги регулира односите меѓу нашата земја и Грција да биде запишано дека сите земји, кои вклучуваат во сопствените граници дел од географска Македонија имаат право да го користат името Македонци и македонски во духот на своите историски и етнографски традиции – за песни за етнографски носии , трговски марки, традиционална литература и историски настани и факти кои го вклучуваат името Македонија, придавајќи му смисла која преовладува во соодветната земјата- велат во од БKК за декларацијата.

Нивната цел со оваа декларација е брзо интегрирање на Македонија во НАТО и ЕУ, како и добрососедски односи со Грција и Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top