| четврток, 6 декември 2018 |

Српскиот претседател во официјална посета на Хрватска

Српскиот претседател Александар Вучиќ од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Загреб, на покана на неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ.

Предвидено е двајцата претседатели да разговараат за судбината на 1.900-те исчезнати лица и за враќањето на културното богатство исчезнато за време на воениот конфликт во 90-те години на минатиот век, за соработката при апсење на осомничени воени злосторници, за положбата на малцинствата, како и за нерешеното прашање околу границата.

Според кабинетот на Грабар Китровиќ, на дневен ред на разговорите нема да биде прашањето за „извинување за српската агресија над Хрватска, ниту пак барањето за воена отштета од Србија“, теми кои претходно беа најавени од страна на Владата на Хрватска.

Во пресрет на посетата Вучиќ изјави дека „е изненаден и вчудоневиден“ од изјавата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ дека треба да се разговара и за воената отштета и воедно најави дека ќе предложи воведување „мораториум од шест месеци на теми од минатото меѓу двете земји“.

За обезбедување на српскиот претседтаел за време на посетата на Загреб ќе бидат абгажирани неколку стотици луѓе од сите единици на безбедносниот систем на Хрватска, а според „Јутарњи лист”, обезбеден е и специјални тим на Брзата помош со „доволни количества крв од крвната група на Александар Вучиќ“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top