
Алдо Климан
Глупоста, недуховитоста, подмолноста и цинизмот – тоа се четирите страни на ужасно бедниот свет во кој ментално се движи грчкиот политички Stand-up артист Никос Коѕијас. Некој, подеднакво подмолен и искомплексиран како него, убаво му го спуштил и го излажал дека „литерарно-политичките“ досетки му се страшно смешни и мудри, па тој се расфрлува со нив како она примитивно селанчиште од расказите на Матео Бандело што, со стиснат показалец на едната ноздра, од другата си ги издувува зелените густи содржини врз лицето на својот домаќин и пријател. Малку-малку, и ете ти го, ќе издувне или ќе исплукне некоја густа „зелена вдаховена мисла“, како онаа штотуку дадена за Ројтерс дека „Македонија е како жена која на нејзината свадба се прашува дали, освен своето презиме, ќе го прифати и презимето на сопругот “.
Г. Коѕијас, не знам какво хормонално пореметување ве мачи, бидејќи соблазнително се служите со вакви приземни сексистички алузии на сметка на Македонија, но со оглед на тоа дека сте осведочено многу „духовит“ и слатко им се смеете на своите Stand-up „искри мудрост“ на туѓа сметка, а веќе толку пати и нас Македонците не’ восхитивте со „блиставоста“ на својот „литерарен ум“, верувам дека во вашата хормонално акутна сексистичка состојба „ќе ви легне“ и тоа дека вие на луѓето што ви се од спротивната страна, те. од страната на нормалните и моралните, страшно им личите на безброј пати „потрошена“ и „превртувана“ стара невеста од земјата Прција која испробала разни „презимиња“, и сега пред мажачката, разочарано заклучила дека нема да може да се задоволи само со еден …, туку и’ требаат три … и повеќе. Кај ќе ги најдете, тешко е да се рече, зашто Господ не ве „креирал“ баш за „дуплерица“!
Г. сексист-фетишист Коѕијас, прекрасната и достоинствена мома Македонија ништо не се мисли, ниту се прашува, не и’ е ни на крај памет да се мажи за такви шутраци и шугавци како вас и вашите, и особено не да го менува своето убаво име и да му додава ступидни презимиња создадени во вашите идиотски, чергарски пропагандни мозоци. Но г. сексист-фетишист Коѕијас, мрачната страна на историјата познава безброј случаи кога се склучувани „бракови“ на сила, со воено-политички притисоци, со најмизерни закани и уцени. А токму тоа сега го правите вие! Вршите безобѕирен воено-политички притисок и насилство над убавата и невина мома Македонија! Вие сте најобични силователи! Не само морални, туку и буквално злосторници што не избираат средства да ги задоволат своите анимални апетити. Во еден нормално и цивилизирано уреден свет што некогаш го познававме, а што таквите морални мивки како вас го пребришаа и го поништија – за ова што им го правите на Македонија и на македонскиот народ меѓународно кривично би одговарале како последни уличарски бандити.
На сила и со сила создадените „бракови“, како што вие ги замислувате, без оглед на името и презимето, немаат никаква иднина. Како срамна последица на нехуманост, изнудување и насилство – тие остануваат апсолутно неуспешни и неплодни, и осудени се на распаѓање.
Но сите Корлеонеси, Сопраноси и Коѕијаси имаат нешто заедничко: брутално „мачо“ сексистичко вербално и секакво друго криминално силување на невините и кревките од страна на такви најобични лигуши што моментално имаат некаква позиција и моќ! Во светот на нормалните и чесни луѓе тоа се најобични НУЛИ (0000!), најобични „минхенски молери“ што ги чекаат своите „историски пет минутки“ за да го затрујат светот со зло и омраза.
Така и вие, господине Сопранос, простете, Коѕијас, го познавате само тој свет на фашистоидно – а според сосема разголената денешна грчка политичка стварност, болна од Црна Омраза – слободно може да се рече и најбедно нацифашистичко насилство, што се зароди, вирее и, еве, нагло расте и надоаѓа во овој сосема изместен свет на нов, бескрупулозен, неморален и неправеден меѓународен општествен поредок, што како валкано, калливо свлечиште катаклизматично ја затрупува некогашната хумана цивилизација, што се потпираше врз меѓучовечка солидарност и меѓународно пријателство и коегзистенција. А вие и таквите како вас сте тие гнили јаболка што најнапред одвнатре, како подмолен кариес, го разјадувавте општочовечкото Добро, а сега и сосема дрско и отворено го афирмирате и се перчите со најцрното Зло како новоцивилизациска вредност.
За крај, г. сексист-фетишист Коѕијас, имам еден совет за вас: веднаш избркајте ги од работа своите глупи Пиар советници, бидејќи, и да се убијат – од вас никогаш нема да направат духовита политичка Stand-up ѕвезда, зашто сте едноставно недуховито старо-аро, испрдено, кое кога се обидува да биде духовито само треска плитки глупости и евтини панаѓурски досетки. Едноставно не ве бива за ништо друго, освен за најбедно меѓународно интригирање, лажење, подметнување, уценување и грабење на македонското историско минато, на македонското национално име, на македонската национална култура и на македонскиот јазик. А и за тоа, г. сексист-фетишист, ќе можевте само да ни свиркате под прозорецот да ги немате за партнери во својот злостор, во своето силување на Македонија и на македонскиот народ вашите подмолни и безобѕирни корлеоновско-сопрановски ЕУ, САД и НАТО, и нашите бедни домашни предавници и узурпатори на македонската држава и на македонската народна власт, на чело со квинслишкот и големоалбански диктатор Зоран Заев.
Ете, господине Коѕијас, трагично е што такви острвени и невоспитани луѓе како вас и овие погоре спомнати одлучуваат за судбината на нашата мила татковина Македонија и на нашиот мирен и пријателски македонски народ.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст