Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе златен накин вреден околу 30 илјади евра на граничниот премин Табановце.
Царинските службеници при претрес на Т.М., во предниот лев и десен џеб од неговата јакна пронашле непријавен употребуван златен накит, две лири и употребуван рачен часовник „Ролекс-Тудор“, кои биле завиткани и врзани во чорапи.
Според првичното вештачење, вредноста на златниот накит се проценува на над 29.000 евра.
Т.М., златниот накит го купил од Италија каде што привремено живее и работи, по цена од 20 евра за еден грам.
МВР информира дека му е изречена мерка претпазливост и му е задржан пасошот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст