WOW Box објави награден аматерски Конкурс за Најромантично љубовно писмо.
Наша инспирација и основен мотив во се што работиме е љубовта. Во пресрет на празникот на љубовта, кој се повеќе се прифаќа и одбележува и во Македонија, одлучивме да поттикнеме еден романтичен израз на љубов кој веќе скоро и да не се користи во комуникацијата – Љубовното писмо. Нашата идеја е да поттикнеме носталгично размислување за чувството на добивање рачно напишано писмо од саканата личност. Порано ова беше важен начин на изразување љубов. Сега е долго заборавен концепт, чуден дури и како испраќањето пошта по гулаби…, велат организаторите.
Веќе не очекуваме во нашите поштенски сандачиња да најдеме ништо друго освен сметки и фактури, промотивни флаери и известувања од институции. Одењето по сопствената пошта веќе не е радост како порано.
– Би се радувале доколку постигнеме и мал успех во покажување колку ваквата љубовна кореспонденција носи романтика и „пеперутки“ и е несекојдневно доживување, велат од Wow Box.
Повикот беше испратен до неколку скопски средни училишта и факултети. Администрацијата беше пријатно изненадена од иницијативата и се надеваме на нивно промовирање на конкурсот кај своите ученици. Со ваша помош оваа информација би стигнала до многу повеќе ученици и студенти во Скопје и низ републиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.