| четврток, 6 декември 2018 |

Нимиц денеска на средби во Атина

Медијаторот Нимиц денеска во Атина ќе има средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос…

Медијаторот Метју Нимиц, денеска во Атина ќе има средби со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова Демократија, Јоргос Кумуцакос.

Средбите во Грција, Метју Нимиц, ќе ги почне во 10.30 часот по локално време, со средба со Кумуцакос, во хотел во центарот на Атина. Според грчките медиуми, средбата со одговорниот за надворешна политика во опозициската партија, е на барање на медијаторот.

Три часа подоцна, во 13.30, како што јавува дописникот на МИА од Атина, специјалниот претставник на ОН ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, а веднаш по состанокот, според официјалното соопштение од грчкото МНР, Никос Коѕијас и Метју Нимиц, разговорите ќе ги продолжат на работен ручек.

По Атина, Нимиц утре доаѓа во Македонија на дводневни средби со македонскиот државен врв

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top