Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ги прифати предлозите на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал против 35 осомничени за крвавите настани во Собранието на 27 април минатата година. Така, Игор Дурловски е пуштен од затворот „Скопје“ и нему му е одреден куќен притвор. Пратеничката Жаклина Пешевска е пуштена од домашен притвор, но ќе мора редовно да се јавува во судот. На 21 осомничен им е продолжен притворот во затворот во „Шутка“, а меѓу нив се Митко Чавков, Борис Дамовски, Богдан Илиевски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст