Синоќа по поразот на хрватската ракометна репрезентација од Франција, непознати сторители ги искршиле прозорците и го оштетиле кровот на куќата во местото Раба на хрватскиот репрезентативен голман, Мирко Aлиловиќ.
Неговата сопруга Ива, бесна заради овој напад над нивниот имот, објавила порака на социјалните мрежи.
– Синоќа, после натпреварот, некој со камења ги искршил прозорците и покривот на куќата во Раба. Направена е голема штета. Ги молам мештаните да видат за што се работи. Го проколнувам секое негово одење во таа проклета репрезентација. Ова му е последно!, напишала Ива Алиловиќ.
Од полицијата потврдиле дека утрово околу 10 часот бил пријавен случај за оштетена семејна куќа во споменатото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст