
Грчкиот премиер Алексис Ципрас истакна дека преговарачкиот процес се приближува кон крајот и дека решението за името треба да важи ерга омнес по денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос. Заев пак, на заедничката прес-конференција по средбата, најави дека Владата ќе го промени името (Александар Велики) на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“, откри Заев.
– Ние сме нова генерација прогресивни премиери. Знам дека денеска многу луѓе нè гледаат. Некои со скептицизам, други со оптимизам. Сакаме да ги решиме прашањата прагматично и одговорно. Го кажувам ова бидејќи само не што сакаме да го решиме спорот со името, туку и билатералните односи да ги поставиме на основа на заемна доверба. Да се справиме со сите форми на иредентизам, да не оставиме дупки за да се осигураме дека нема да се појават слични предизвици во иднина. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашање за да можат да продолжат напред евротатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерга омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот. Паралелно се согласивме дека треба да продолжат мерките за градење доверба, кажа Ципрас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Мицковски: Првичната цена 400, сега 600 милиони и ти вика дека заштедиле 100
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Ципрас: Повеќе не постои нелогична употреба на тајните фондови на МНР


