Институтот за сметководители и овластени сметководители го тресат скандали откако во органите кои го управуваат е утврден непотизам, нетранспарентна постапка за нивниот избор, разрешени се претседателката и управниот одбор, а Институтот може да се соочи со казни од над пола милион евра поради незапазени рокови за издавање лиценци и уверенија, дознава „Макфакс“.
Претседателката на Институтот Ленче Папазовска изјавила:
„По надзорот од Министерството за финансии утврдивме дека има непотизам во управните органи на Институтот. Откривме дека претставниците во собранието од некои подружници се роднински изврзани, што не е дозволено. Сестри, ќерки, снаи, зетовци се појавуваат на седниците на собранијата како претставници на една подружница. Затоа се договоривме да донесеме одлука за самораспуштање на сите органи на Институтот за да може да се формираат нови низ транспарентна постапка. Но, јас бев разрешена од надзорниот одбор пред да се одржи седницата, иако и за надзорниот одбор беше договорено самораспуштање. Разрешен е и управниот одбор. Седницат, со истиот дневен ред е презакажана за 9 февруари, но нема каде да се објави оти се блокирани домејните на интернет-страницата оти некој договорил тие да бидат сопственост на друга институција. И за тоа ќе побараме истрага“.
Целиот текст прочитајте го на Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


