| четврток, 6 декември 2018 |

Американски сенатор: Во Србија се чувствува силно влијание на Русија

Американскиот сентарот и демократ, Бен Кардин изјави дека во Србија и Република Српска се чувствува силно руско влијание.

Тој напомена дека додека претседателот на Србија во последните седум години најмалку 12 пати се состанал со претседателот на Русија, Владимир Путин, а наспроти тоа, последниот американски претседател што го посетил Белград бил Џими Картер во 1980. година.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Кардин истакна дека САД мораат да бидат физички повеќе присутни во Србија и тоа на највисоко ниво, бидејќи се работи за значајна земја во регионот, а билатералните односи помеѓу Србија и САД ги оцени како исклучително важни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top