| четврток, 6 декември 2018 |

АлбПортали: Албанците протестираат пред хотелот кај што престојува Коциас во Корча


Посетата на грчкиот министер за надворешни работи во Корча, каде што ќе остане уште еден ден во врска со агендата на билатералните средби со неговиот албански колега, денеска е проследена со протести.
Членовите на граѓанското здружение протестираа пред хотелот каде што престојува грчкиот дипломат, барајќи почитување на правата на Албанците што живеат во соседната земја.

Посетата на Коциас е предвидена за три дена, а во фокус на разговорите ке биде решавање на нерешаните прашања меѓу двете земји.

Околу 150 полицајци ќе останат на терен за да обезбедат непречено одвивање на разговорите помеѓу албанскиот и грчкиот министер за надворешни работи, во градот Корча.

Разговорите се одржуваат во мал приватен хотел кој е ставен на располагање на двете делегации. Во 12:00 часот, Коциас ќе ја посети Катедралата во Корча, а потоа ќе го посети првото албанско школо, а подоцна и грчкиот конзулат.

Во попладневните часови, министерот ќе го посети иконографскиот музеј и потоа ќе присуствува на концертот на групата Лирија во музејот Братко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top