| четврток, 6 декември 2018 |

Неа не сака да ја види – Меган Маркл ја крои листата на гости за свадба!

Вереницата на принцот Хари, Меган Маркл продолжува венчавката да ја крои по свои правила.

Освен естетскиот дел, таа е вклучена и во правењето на списокот на гости, па јасно става до знаење за кого нема да има покана.

Судејќи по пишувањето на светските медиуми, Меган и принцот Хари со нетрпение го чекаат својот голем ден, а до тогаш наголемо се работи на сите подготовки.

-Целиот персонал е изненаден колку тие двајца се заљубени и среќни и тоа не го кријат ни во просториите на палатата. Многу се забавуваат планирајќи ја венчавката, а принцот никој досега не го видел толку возбуден и среќен, открива член на персоналот.

Иако многумина очекувале дека Меган, како војвотката Кејт Мидлтон, се да им препушти на организаторите кои ќе се погрижат за секој детал како на пример менито, пијалоците и украсите, идната невеста одлучила сама да се погрижи за сите детали.

Меган со недели активно ја организира свадбата, а се вклучи и во составување на списокот на гости. Таа прецизирала со кои луѓе сака да ја сподели среќата тој ден, а со кои не.

На свадбата не очекувајте да ја видите Кресида Бонас (поранешна девојка на Хари) бидејќи не останале во пријателски односи.

Сепак можно е да присуствува Челзи Дејви (исто така поранешна девојка на Хари) затоа што таа со Хари веќе долго време е пријателка и е меѓу првите кои ја честитала веридбата, а Меган нема проблем Дејви да присуствува на свадбата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top