| четврток, 6 декември 2018 |

Вујо: Играчите да си одат во Словенија, не знам што би правеле во онаа „вукојебина“

Словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ после поразот Данска со кој неговите ракометари ги изгубија и теоретските шанси за пласман на едно од првите две места во групата, немаше причина за задоволство.

Вујовиќ вечерва не бараше вина кај судиите, спортски го прифати поразот и призна дека противникот е далеку поквалитетен во моментов и има играчи коишто се меѓу најдобрите во светот. Веднаш после тоа, следеше една помалку скандалозна изјава на Вујо.

-Првпат на едно големо натпреварување јас имам три слободни денови со мојата репрезентација. Не знам што би правеле во онаа ‘вукојебина’ на Свети Мартин. Нема ништо околу нас, рече Вујовиќ.

Тој додаде дека размислувал да им дадам еден ден слободен на ракометарите, за да можат да отидат до дома.

-И онака сме на граница, па нема да им треба многу време, изјави Вујовиќ по мечот.

Со овој дуел, Словенија отпадна од трката за полуфинале и сега ќе може само да се бори за што подобар пласман, а остануваат дуелите со Данска во вторник и против Шпанија следната среда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top