Дваесет и осумгодишниот Даниел Дончевски од скопската населба Маџари денеска беше најсреќен од сите 150 верници кои се фрлија по крстот во осветените води на реката Вардар во центарот на Скопје. Дончевски кој дури деветпати се има фрлено по Светиот крст, годинава успеал да го фати по петти пат.
„Го фаќам крстот по петти пат и сфаќам дека ова не е случајно. Крстот го фаќам секоја парна година и секогаш ми носи среќа“, изјави денеска Дончевски, кој посака многу здравје и среќа за сите верници.
Даниел првпат го фатил крстот на 17 годишна возраст, во 2007-ма година, кога скокал во Кратово.
Во 2012-та година по првпат го фатил Светиот крст на манифестацијата во Скопје кога од општина Центар добил осветена икона, од Град Скопје златник, од тогашниот премиер лап-топ, а од кумот на тогашната манифестација телевизор.
Во 2014-та Даниел повторно бил најсреќен меѓу учесниците и по втор пат го фатил крстот во Скопје, при што изјавил:
„Вo 2012 имав нешто во себе и се помолив на Господ. Иако бев меѓу последен кој влезе во водата, крстот заврши во мои раце. По ова ме следеше среќа – здравје, успеси и фамилијарен бизнис. Исто така бев и меѓу финалистите на Мистер на Македонија. Физичката подготвеност е битна, но пресудна е вербата во Бога“, рекол тој во 2014-та. Интересно е и тоа што во 2013-та Даниел скокал по Светиот крст и во Австралија, но таму немал среќа.
Затоа таа по четврти пат го послужила во 2016-та кога повторно го фатил крстот во Скопје, а годинава тоа го направи по петти пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст