| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Осудените од „Монструм“ и „Диво Насеље“ ќе се ослободат, тоа е дел од Тиранската платформа (видео)

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во вчерашното гостување на Алсат телевизија зборувајќи за реализацијата на Тиранската платформа, која тој ја ословува како договор, рече дека дел од договорот се и случаите „Монструм“ и „Диво Насеље“, за кои како што рече Ахмети, треба да се бара истрага.

Зборувајќи за Тиранската платформа и нејзината реализација, Ахмети рече:

– Во тој договор е Законот за албански јазик, во тој договор е дека треба да се бара истрага или меѓународен мониторинг за некои случаи како случајот “Монструм“, Кумановскиот случај. Секогаш ги имаме повторувано, цело време, случајот Бродец. И тие веќе се во фаза на реализација. И тие случаи, секако има случаеви кои вие не ги слушате. И изјавата од премиерот на земјава, дека ние се согласуваме и се договоривме да се направи мониторинг и да се расветли вистината за сите овие сомнителни случаи. И случајот на македонскиот новинар. Така што, како пакет, тој договор веќе се спроведува како ветување кои го дадовме на албанскиот електорат.


Со оваа изјава Ахмети практично јасно открива дека дел од политички договор за формирање на владата е одлуката на Врховен за повторување на судењето за „Монструм“, од 24.11.2017 година.

Но, доколку овие негови тврдења се точни, тоа значи дека некој од власта со влијанието врз судот случајот „Монструм“ да биде вратен на повторно судење директно го прекршил чл.98 од Уставот на Република Македонија, кој вели:

„Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Организацијата на судството е единствена. Забранети се вонредни судови.“

Ахмети треба оваа своја изјава да ја објасни и да и каже на јавноста како и поради што Врховниот суд постапил по наредбите на некој од власта. Бидејќи со тоа дејание директно е прекршен Уставот на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top