| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија рамо до рамо со европскиот првак

Македонија заостанува еден гол по првото полувреме од одлучувачкиот натпревар за првото место во групата Ц на Европското првенство. По добриот старт, по германската реакција во втората половина од полувремето, европскиот првак на одмор замина со 12-11.

Раул подготви стратегија седум на шест од првата минута и Пешевски и Кузмановски постигнаа два врзани гола за 2-1 во третата минута. Следеше цепелин на капитенот и гол на Кузмановски со 2-5 по десет минути игра.
Најскапиот голман на светот, Волф со две одбрани ги осоколи Германците, но комбинаториката на генијалниот Лазаров сервираше „подароци“ за Стоилов и Пешевски. Сепак, техничките грешки им дозволија два лесни гола на Винчек и Генсхајмер за 5-6 и тајм-аут на Раул.

По постојано бркање на нашето водство, Германија израмни преку Генсхајмер од седум метри во 18. минута. Германската серија продолжи и Винчек со третиот гол погоди за 10-7, а заради погрешна замена, Борко Ристовски заработи исклучување. Европскиот првак пронајде против-игра за нашите седум на шест и преку расположениот Волф креираше пресврт.

ger-mak-2.jpg

До одморот, Волф собра седум одбрани, наспроти шест на нашите голмани за 12-11 за Германија по 30 минути игра.
Гол.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top