Откако се појави приказната дека Ана Севиќ и Дарко Лазиќ ставиле точка на бракот се поголем е интересот на медиумите и јавноста за секој чекор на доскорешните партнери.
Дарко се повеќе време минува во кафеани. Некогаш настапува, а некогаш тагата ја лечи со алкохол со пријателите. Токму тие ги споделуваат на социјалните мрежи фотографиите со него.
Во негово друштво се најде и непозната црнка. Се фотографирала со Дарко, прегрнувајќи го. Се чини дека Дарко уживал во дрштвото на оваа девојка, која судејќи според фотографиите, исто така е пејачка.
Ана за тоа време е со ќерката Лорена. Додека таа се дистанцираше од јавноста, Дарко ужива во забавите, па нема сомнеж дека неговите постапки ќе ја изнервираат неговата поранешна жена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.