| четврток, 6 декември 2018 |

На Македонска пошта ѝ се брза спроведувањето на Законот за јазиците: Издадена двојазична поштенска марка со Скендербег

Нов скандал од Македонска пошта, по воведувањето на албански како единствен јазик за комуникација со сите подрачни единици во земјата, сега се воведува нова двојазична поштенска марка со ликот на Скендербег.

Од  А.Д. Македонска пошта соопштуваат дека марката ќе биде промовирана денеска во Собранието на Република Македонија, а е изработена по повод 550 години од смртта на Ѓерѓ Кастриот Скендербег.

-Поштенската марка е издадена со номинална вредност од 18 денари и тираж од 6000 примероци. Ликовното решение е на Лариса Живковска Донев – соопштуваат од Македонска пошта.

Македонска пошта неодамна ја збогати својата колекција на поштенски марки со две други скандалозни решенија – поштенска марка со ликот на Реџеп Митровица, премиер на првата квинслишка влада на Албанија од 1943 до 1944, која била поставена од Хитлер и на Али Риза, соработник, како што тврдат македонски историчари, со фашистичкиот окупатор.

Овие поштенски марки се уште стојат во колекцијата на „Македонскa поштa“ и никој ниту во јавното претпријатие, ниту во Министерството за транспорт и врски не помислил да преземе никакви мерки – да ги отстрани спорните марки со кои се слават озлогласени воени злосторници и соработници со фашистите и да побара одговорност од сите инволвирани во овој срамен и скандалозен случај.

Скандалот со најновата двојазична поштенска марка со Скендербег доаѓа откако минатата недела а.д. Македонска пошта од својата веб страница ги тргна членовите на управниот одбор кои се со македонска национална припадност.

Во меѓу време, по написот на „Република“ на веб-страницата се вратени члените на УО кои се Македонци, но од а.д. Македонска пошта се уште не одговориле дали се точни тврдењата на вработените од внатрешноста дека до сите подрачни единици дописи се праќале исклучиво на албански јазик.

Македонска пошта се зациментира во еднојазчност – строго албански во сите подружници

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top