Денеска на плоштадот Скендербег во Скопје, пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги почнува манифестациите со кои ќе се одбележи „Годината на Скендербег” по повод 550-годишнината од смртта на, како што пишува во најавата, албанскиот национален херој Ѓерѓ Кастриот – Скендербег.
Во големата купола во Собранието ќе биде организирана свечена академија. На свеченоста ќе говорат претседателот на Собранието, Талат Џафери, директорот на Институтот на духовното и културното наследство на Албанците, Скендер Асани, директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓеорѓиев и Владо Поповски, историчар и член на Одборот за одбележување на 550-годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег. Ќе биде промовирана и поштенска марка со ликот на Скендербег, а по тој повод ќе се обрати и генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Македонска пошта“, Фаадис Реџепи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.