Идната војвотка и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, зад себе веќе има еден брак.
Неодамна на интернет почнаа да кружат фотографии од свадбата со нејзиниот прв сопруг Тревор Енгелсон во 2011 година и од нејзината прва венчаница. Фустанот на Меган е едноставен, со мало деколте и лента со циркони под градите.
Неколку месеци пред да го запознае Хари, Меган во интервју за „Гламур“ изјавила дека кога би се венчала пак, би сакала фустанот ѝ да биде едноставен, класичен, со чисти линии.
Неколку дизајнери веќе работат на скици за новата венчаница на Меган. Иако се чуваат во тајност, некои од нив беа објавени на интернет, па познавачите на кралскиот протокол велат дека тоа сигурно се скиците што се одбиени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст