Нов протест против загадениот воздух ќе се одржи денеска пред Владата. Протестот го организираат граѓани кои повикуваат на масовност преку социјалните мрежи. Протестот ќе започне во 12 часот.
-Британската влада во 2.000-та ни подарила согорувач за медицински отпад, кој не ги задоволува ЕУ-стандардите и не дава заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и многубројни други нарушувања, се вели во повикот за протестот на социјалната мрежа Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.