Вчерашниот ден, 11.01.2018, ќе остане запаметен како еден од најцрните денови во современата македонска историја. Со 69 (секс поза број) гласови „за“ во Собранието беше донесен Законот за јазиците, со кој почнува редефинирањето на Македонија, која скоро целосно го губи својот граѓански и национален карактер.
Овој закон, заедно со “реформите“ кои следуваат, државава ќе ја претвори во целосено мутиран системски хибрид, апартхејд во кој мнозинството ќе биде целосно дискриминирано и под чизма на малцинството. Нешто слично на поробувањето на Јужна Африка, каде што малцинството белци се до доаѓањето на Нелсон Мендела целосно ја имаше во свои раце државата на сметка на мнозинството црнци. Впрочем и сега малцинството одлучува кој ќе биде на власт во Македонија и покрај тоа што мнозиството граѓани на 11 декември минатата година гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, поради желбата на малцинствата власта ја има СДСМ.
Додека се носеше овој апартхејдовски закон, премиерот Заев скијаше во Италија, вицепремиерот Анѓушев за неколку десетици милиони евра ја продаваше својата фирма ЕДС ни помалку ни повеќе на државата Грција, а Никола Димитров во стариот швалерски манир во хотел во Атина, скришно и насамо, во романтична атмосфера со Коѕијас договараше промена на името. Стигна и пораката од предавството кое се нарекува преговори: Не смее да има референдум, треба да ни го сменат името без воопшто да не прашаат. Па што ги прашеле црнците во Јужна Африка за време на апартхедот?
Многумина кои учествуваа во таканаречената Шарена револуција денес плукаат по СДСМ и по Законот за двојазичност. Во нормални околности можеби би го прифатил нивното покајание, но сега е многу доцна, другари и другарки. Не само што не треба да ги прифатиме во графата на нормални граѓани, туку нив треба да им се одземе деловната способност и правото на глас истиот ден кога ќе падне оваа хунта.
Ова што се случува деновиве беше токму она за што се бореше вашата Шарена револуција, ништо друго туку ова национално разнебитување беше единствена платформа поради која туѓите бели дворови ве финансираа да дивеете по скопските улици.
Ветувањето за двојазичност, тогаш, беше неколку пати повторено од вашите другари и соборци кои денес само го реализираат она што го ветиле. За нив, зборот е збор, а вие не се боревте за ништо друго освен за ова што се случува денес, немавте ниту една друга политичка агенда и затоа, со вашите изрази, „марш“!
Потценувачки велевте дека двојазичноста постои само во нашите болни глави. Кога јас, куртонот новинар, преку прилози за тогаш куртонската ТВ Сител (сега веројатно е објективна?) ве предупредував за овие сценарија – вие ме исмевавте и ме нарекувавте ретардиран (овој навредлив збор за лицата со посебни потреби го цитирам, не го користам во мојот вокабулар). Се сеќавам кога една шарена револуционерка ме сретна на улица и ме праша „Нели ти е срам да го лажеш народот дека има сценарија од надвор со ќе му ја федерализираат земјата?“. Денес истата личност плука по СДСМ и Законот за двојазичност за кој јас некогаш сум го лажел народот.
Вчера многу убаво се потврди кој бил со оштетен резонирачки процес, кој мавал со куртони со боја, а не бил свесен ни зошто мава. Македонија денес исчезнува пред нашите очи поради вашата недоветност а не поради владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кое вие го класифициравте како диктатура, иако споредбено со изминатите седум месеци во тие десет години бокалот полн слобода бил точен за нас.
Вашиот Заев одеше по Европа и ветуваше кантони и двојазичност. Што сакате сега, недоветни? Го гласавте, работевте за негово доаѓање на власт? Сега време е да се понаместите и да му се смеете дури ве работи. И без плачење ќе ве молам, се ви беше кажано, од куртоните како мене, но и од светците за кои работевте и гласавте. Сакавте живот? Еве ви го! И немојте сега да се правдате дека сте биле изманипулирани и искористени од СДСМ, сите сте возрасни и самосвесни личности кои себеси се доживуваат како интелектуалци, значи одговорни сте за своите постапки. А за овие ваши постапки се надевам дека еден ден ќе одговарате, ако не пред судот на државата, тогаш пред судот на вашите деца кои можеби и нема да живеат во оваа држава, затоа што вие сте учествувале во нејзиното уништување.
СДСМ беа доволно фер и се што се случува денес си најавија уште во 2014 и 2015 година. Без вашето учество во специјалната војна, ништо од ова немаше да се случи. Ако сте биле изманипулирани, тоа значи дека во најмала рака немате капацитет за дури да ги перцепирате и звуците на човековиот говор, а во Македонија на ваквите лица им е од одземана деловна способност и немаат право на глас. Ако некако се случи чудо и излеземе како држава од ова, треба да ви се одземе деловната способност за некој утре пак да не ве изманипулира.
Дури и екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, неколку пати ви повторуваше и велеше „немојте после да кажете дека не сме ве предупредиле“. Ете, нему не сте му верувале, ви бил политички или вредносен опонент, но зарем бевте толку недоветни да не му верувате на вашиот лидер? Кој така отворено и ноншалантно ви ги отвараше пространствата на слободата со ветувањата кои сега стануваат реалност. Добро, можеби и премногу му се дава на значење на вашето покајание, постои и голема веројатност да сте гневни само затоа што не ве ставиле директори во државни институции, како еден од вашите водачи, оној Донев, кој по светот се шета и троши десетици илјади евра народни пари за да јаде аргентински бифтек и да се вози во бизнис класа.
Истото лицемерие, во многу помали размери можеме да го забележиме и кај плејадата на универзитетски професорки кои денес жестоко говорат против законот, а кога тој беше најавуван од сегашниот премиер, тогашен лидер на опозицијата на телевизија во Косово, молчеа. Но нив можеме да им простиме, затоа што очигледно е дека робуваат на интелектуален пуританизам според кој опозицијата не смее да се критикува, па и по цена со шарена револуција да ја разнебитува државата. Ајде, ете имале некакви принципи, кои за мене се смешни, но сепак денес одлучно, со факти и аргументи се борат против овој закон.
Освен шарените торлаци, морам да бидам искрен и да кажам дека во овие сиви времиња подеднакво ме вади од такт однесувањето на дел од опозициската јавност. Кај нив има една подеднакво шлакната тенденција ВМРО-ДПМНЕ да се обвинува за ова што се случува сега, наводно тие ја предале власта на СДСМ и со тоа ја издале државата. Па добро, што да прави ВМРО-ДПМНЕ? Да оди во војна со целиот свет, а зад себе го нема целиот македонски народ? Вкучително и голем дел од вас, се разбира.
Видете вака, да бидеме отворени и искрени. Голем дел од вас 10 години ги сркаа подобностите што ги носи власта, 10 години не пропуштавте прилика да молите телефонски и преку СМС пораки за вработувања, 10 години се улижувавте за тендери како да сте од бога пратени да ги сркате буџетските пари. Во суштина, постои и одговорност кај ВМРО-ДПМНЕ, но постои одговорност и кај вас кои се посветивте на клиентелизмот наместо на патриотизмот. Односно вашиот, верувам искрен, патриотизам го искористивте за лично да профитирате.
Додека вие 10 години размислувавте како да си го покачите вашиот личен животен стандард, врхушката (сега и вие така почнавте да ја нарекувате) на ВМРО-ДПМНЕ успешно одолеваше на сите притисоци да се случи ова што се случува деновиве. Најмногу што можеше од петни жили се бореше да ги зачува националните црвени линии и под услов тоа да резултира со напад како оној во Диво Насеље.
Не сакам да сум им бил во кожа на тие луѓе, ниту за време на консултациите со меѓународниот фактор, ниту за време на исцрпувачките преговори во Брисел и Пржино. Знаете од удобната фотеља во вашиот дом многу е лесно да анализирате. Но во реалноста тие луѓе аскетски трпеле многу за 10 години да не дозволат да се случи ова што се случува деновиве и дополнително ќе се случува во периодот кој е пред нас. Освен што одолевале, донеле и солидни економски резултати.
Во право беше и оној несреќен Сашо Ордановски кога праша каде се сите функционери од пониските ешалони на ВМРО-ДПМНЕ кои беа ухлебени и во државната администрација да излезат да протестираат пред судовите за да се ослободат бесправедно притворените патриоти?
Оние 200 или 300 луѓе кои излегуваа на протести беа премалку и затоа добро е што протестите престанаа. Ако се тоа сите искрени патриоти во Македонија, пиши пропало.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст