| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца и Аца Лукас на црната листа, забранет влез во САД и за починатиот Милошевиќ

САД ја објави црната листа на српски државјани на кои им е забранет влез во земјата.

На неа се наоѓа фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ поради нејзините врски со подземјето и бракот со Аркан. Забранет влез има и пејачот Аца Лукас поради “шурувањето“ со земунскиот клан.

Традиционален непријател на САД е и радикалот Војислав Шешељ, како и бизнисменот Милорад Мишковиќ, а интересно е што на црната листа и натаму фигурира Слободан Милошевиќ кој почина уште во 2005 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top