Собраниската Комисија за здравство на денешната седница со четири гласа „воздржан“ и два „против“ го проследи на понатамошна постапка на пленарана седница во Собранието Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, поднесен од пратениците на СДСМ и ДУИ.
Целта на измените е бришење на дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект. Угостителите и лекарите на јавна расправа во декември разменија различни ставови во однос на предлогот. Лекарите сметаат дека со сегашниот закон е постигнато значително намалување на пушењето кај младите, додека за угостителите законот треба да биде балансиран и за пушачите и за непушачите.
Од членовите присутни на денешната седница немаше гласови „за“ предлогот. Четири гласаа воздржано и двајца беа против. Претседателката на Комисијата Мирсада Емини-Асани од ДУИ, која гласаше против, рече дека е добро што имало можност да се чујат сите страни и секој да даде свој став за овој закон пред тој да биде проследен на понатамошна постапка.
Покрај неа, против предлогот гласаше и пратеникот Горан Милевски од ЛДП. Рече дека не може да се согласи со предлагачите на законот дека забраната го намалила прометот и посетеноста на кафулињата, кафетериите и казината.
– Би се согласил да има делење на објектот, но не можам да прифатам објект со 50 метри квадратни да има тераса од 500 метри квадратни и да нема сразмерност и се прави изигрување, рече Милевски.
Пратеничката Бети Рабаџиевска-Наумовска од СДСМ рече дека како лекар нема никаква дилема за овој закон, меѓутоа како граѓанин имала мала дилема која јавните расправи и помогнале да ја разјасни.
– Затоа, сметам дека треба секој на пленарна седница да се изјасни по свое лично убедување за овој закон, рече Наумовска.
Според податоците што беа презентирани на јавните расправи по предлог измените, 640.000 луѓе во Македонија или 37 отсто се пушачи и македонските граѓани се трети во светот по бројот на испушени цигари годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст