| четврток, 6 декември 2018 |

Апелација ќе расправа за укинување на притворот на Мунир Пепиќ и Душко Лазаров

Апелационите судии на две јавни седници ќе расправаат дали е оправдан продолжениот притвор за двајца осмничени од крвавиот четврток кои се во притвор во Шуто Оризари. Станува збор за Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање и Душко Лазаров, началник во МВР за специјални операции, кој ноќта на 27 април во оперативниот штаб на МВР ја имал т.н. „бронзена команда“.

Апелациониот суд вчера одржа 3 јавни седници за притворите на осомничените: Владо Јовановски, Горан Ѓошевски и Оливер Поповски. Само за Јовановски Вишото јавно обвиителство побара укинување на притворот и поблаги мерки за обезбедување присуство. Одлуките треба да бидат познати деновиве.

Од скопска Апелација потврдија дека до вчерашниот ден стинале 18 жалби за притворите на осомничените. Дел од нив, како оперскиот певец Игор Дурловски побарале седниците на второстепениот суд да не бидат јавни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top