Во моментов постои консензус терминот Македонија да се најде во која било варијанта за решавање на спорот со Грција за името, изјави вечерва вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во интервју во Анализа 24.
Тој нагласи дека грчките власти прифаќаат име во кое би бил содржан терминот Македонија.
Не сакаше отворено да зборува за можните решенија во моментов, нагласувајќи дека во интерес на целиот процес за конечно решавање на спорот не треба да се лицитра со имиња.
– Потребна е одлучност кај двете влади да се најде решение, тоа сега го гледам во двете влади, има волја и одлучност да се најде решение, независно од дневно-политичките притисоци, кои ги имаме како влади и како политички партии. Сега не треба да лицитраме со предлози, кои не се созреани. И ние, и Грците, нудиме предлози, а Нимиц треба да даде заедничко прифатливо решение, истакна Османи.
Додаде дека двете држави се обидуваат да пронајдат прифатливо решение кое нема, како што рече, да удира врз најчувствителните вредности на двете општества.
Османи рече дека во разговорите не може да се преговара за индетитетот и оти и Грците така се поставуваат, дека идентитетот не може да биде предмет на преговори.
Додаде дека грчката страна сака да се направи разлика меѓу нивниот регион и нашата држава.
Османи додаде дека во моментов е битно да се задржи и зајакне динамиката на контактите со Грција.
– Прашањето е комплексно, се обидуваме да ги разгледаме сите аспекти. Станува збор за многу емоционални слоеви наталожени од политичарите, треба еден по еден да ги одлупиме тие слоеви на емоции, на предрасуди и да стигнеме до рационалното јадро, до излез и перспективи, рече вицепремиерот.
Во интервјуто Османи рече дека досега на ниво на влада не е разговарано за промена на името на аеродромот и на автопатот, но смета дека треба да има реципрочни чекори на градење доверба меѓу двете земји кои, рече, може значително да го подобрат процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст