Најмалку шест луѓе загинаа, тројца се повредени, а 13.000 се раселени поради циклонот што го погоди источниот дел на Мадагаскар за време на викендот, соопштија денеска властите.
Тропскиот циклон Ава го погоди источниот брег на Мадагаскар во петокот и саботата, а брзината на ветеровите беше од 140 до 190 километри на час.
Опасноста од циклонот помина, а повлечени се и сите предупредувања.
Во циклонот што во март минатата година го погоди Мадагаскар настрадаа 50 лица, а голема штета беше предизвикана на плантажите со ванила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.