| четврток, 6 декември 2018 |

Андријана Јаневска и детскиот хор „Ангелски глас“ ви подаруваат нова божиќна песна (видео)

„Каде и да си, за Божик дома да си! Ви посакувам среќни празници со мојата најнова песна! Благодарност до детскиот хор „Ангелски глас“ кој ме придружува! Уживајте со најмилите!“ – со овие зборови македонската пејачка и класичен уметник и педагог Андријана Јаневска им го честита на православните христијани најголемиот христијански празник Божиќ – Рождеството Христово, подарувајќи им ја својата најнова божиќна песна насловена „Божиќ без музика“.

Се работи за наменска песна која го воспева и слави големиот христијански празник, чиј автор на музиката и аранжманпт е самата Андријана Јаневска.

Стиховите ги напишала Сузана Костадинова, а како што самата Андријана напоменува, во пеењето вокално ја придружува детскиот хор „Ангелски глас“. Сето ова е снимено и продуцирано во нејзиното семејно музичко студио „Гиновски“.

Слушнете ја божиќната песна на Андријана и „ангелчињата“ во продолжение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top