| четврток, 6 декември 2018 |

Дојде животот во Охрид, но за кого?!!!

Охриѓани на последните локални избори дадоа силна и недвосмислена поддршка на промените и својот глас придонесоа во Охрид да дојде „животот“. Водени од желбата за поголема перспектива за себе и своите деца се решија својата поддршка да му ја дадат на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Д-р Јован Стојаноски.

На сите симпатично им изгледаше силната поддршка на локалните бизнисмени и моќници кон кандитатурата на Стојаноски и никој во тие моменти не мислеше на цената која треба да се плати од Стојаноски кон бизнисмените и локалните моќници кои застанаа зад него. Веројатно и самиот Стојаноски не очекуваше дека толку брзо ќе дојде сметката и ќе мора брзо да се испорачуваат ветените работи.

Ветувањата во овие два и пол месеци најмногу може да се согледаат преку масовната изградба на дивоградби појава која е предигра на законските измени кои го продолжуваат рокот за легализација. Насекаде во Охрид неконтролирано се гради и од ден на ден се повеќе никнуваат дивоградби и сето тоа со амин на локалната самоуправа, што за коалиционен мир со албанскиот партнер, што за задоволување на потребите на локални моќници блиски до СДСМ Охрид, коментираат охриѓани.

Деновиве интензивно отпочна реконструкцијата на поранешниот објект познат меѓу Охриѓани како продавница објект на „Ден трејд“ кој се наоѓа на улица „7 ми Ноември“ во Охрид во непосредна близина на основното училиште„ Братство и единство“. Со години беше запуштен тој објект но очигледно дека прв проект на новата локална власт е токму негова реконструкција и санација.

Но што се случува со процедуралниот дел? Според информации до кои дојдовме не изгледа се така чисто. Согласно одлуката на Советот на општина Охрид објавена во Службен гласник на општина Охрид број 12 од 12.07.2016 година на страна 15, објавена е одлука за усвојување на годишната програма за времени објекти во општина Охрид за 2016 година. (Погледнете на следниот линк.)

Прегледувајќи ги службените гласници не дојдовме до информација дали е донесена истата програма за 2017 година. Но според оваа програма која е јавно достапна, како локација 9 предвидена е токму парцелата на која има објект каде сега некој неовластено прави реконструкција. За да оваа локација биде во програмата за времени објекти мора истата да е на Република Македонија и со неа да стопанисува општина Охрид. Дополнително општина Охрид според истата одлука објавена во истиот службен гласник планирала објектот да го издаде на јавно наддавање за цена од 300 денари по м2 месечно. Ако го отворите ГИС порталот на катастарот и внесете потребни параметри ќе видите дела се работи за катастарска парцела бр. 11056 во Охрид 2. Ако продолжите да пребарувате ќе дојдете до информација дека се работи за имотен лист број 102 305 во кој е наведено дека се работи за место со вкупна површина од 446 м2 од кој 251 м2 е запишано како земјиште под објект и што е најважно целото земјиште и објектот се водат на Република Македонија. Состојба која во катастарот е проверена на 02.01.2018 година. За да некој го реконструира објектот прво мора да биде сопственик на земјиштето а потоа да прибави соодветна урбанистичко планска документација. Значи на овој објект пред очите на сите се гради дивоградба која потоа со законот за легализација ќе биде впишана како нечија сопственост.

Нашите информации одат и дотаму што се погласно чаршијата зборува дека зад овој објект стои лично Драган Тодороски поранешен градоначалник на општина Косел, сегашен директор на Комерцијална банка во Охрид и висок партиски функционер на СДСМ од Охрид. Дополнително неговиот син е во љубовна врска со личната асистентка во кабинетот на градоначалникот Стојаноски.

Дали не е време Стојаноски да прекине градбата на диво која се одвива во овој момент и да се превземат сите дејствија да се провери дали е поднесено лажно бројче за легализација на објектот: Дали не е време за итно носење на програма за поставување на времени објекти на општина Охрид за 2018 и овој објект да се издаде на јавно наддавање како Општината би имала финансиска корист а не вака корист да има локален моќник на СДСМ од Охрид.

Време е и  ОЈО и СВР Охрид да отворат истарга за наведениот случај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top