Поп-ѕвездата Каролина Гочева со својот сопруг, уметникот Михаил Корубин е на свадбено патување.
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија од Торонто, Канада.
Блиски пријатели на двојката велат дека нивното патување ќе продолжи во САД.
Таа е актуелна со хитот “Ѕвона”, кој е најава за новиот албум.
Со Михаил Корубин се венчаа на 23 септември лани, во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.