| четврток, 6 декември 2018 |

Човекот кој 40 години го победува расизмот (ФОТО)

Фотографијава од шкотскиот академик Џон Стратерс и неговата сопруга со потекло од Гана масовно се споделува на социјалните мрежи, и ја поттикна темата за романтични врски на луѓе од различни раси, пишува Би-би-си.
Џон Стратерс, почесен конзул на Шкотска во Етиопија, ја сподели фотографијата со сопругата Џустина ден по Божик, а фотографирана е истата година во Единбург. Тој носи килт, а таа традиционална ганска облека.

„Мислам дека треба да ја споделам оваа фотографија. Луѓето не гледале со неодобрување, ни велеле дека нема место за нас, зашто е „полно“, ме прашувале „ова ли е вашата сопруга?“ и ми поставувале други прашања за нашата врска која трае 40 години“, напишал на Твитер.
„Не сме порекнале. Најдобар начин да се борите против расизмот е да си го живеете својот живот, да стоите гордо и да ги учите другите“, додава академик Стратерс.

На неговиот пост реагирале и други учени луѓе во слични бракови.
Мајкл Браун од Конектикат објавил фотографија од својата свадба со сопруга од Нигерија и напишал: „Вистината и среќниот живот се најдобро оружје против омразата“.
Џеј Смит од Дурам обравил фотографија од баба си и дедо си од Ливерпул. Напишал дека баба му одамна избрала „љубов наместо незнаење“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top