| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово на улица пронајдена рачна бомба

bomba

Рачна бомба кашикара М-75 ,комплетно опремена со осигурувач и запалка денеска нешто по 14 часот била безбедно отстранета и транспортирана од страна на стручна екипа на Дирекцијата за заштита и спасување.

Бомбата оставена во близина на бандера на улицата Кумановска во Тетово ја забележале случајни минувачи околу еден час претходно по што пријавиле во полиција чиишто екипи веднаш го обезбедиле местото до доаѓањето на експертите. Жителите на населбата велат дека чиста среќа е како бомбата не била активирана бидејќи тука има многу минувачи а и деца што се играат.

Од полицијата извршиле увид и засега не се знаат мотивите кој, зошто и кога ја поставил бомбата на која се забележували и траги од земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top