Oд Јужна Кореја денеска соопштија дека минатиот месец заплениле брод што пловел под знаме на Хонг Конг, за кој постои сомнеж дека пренесувал нафта за Северна Кореја.
Најавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Кина дека скришно и испорачува нафта на Северна Кореја, со што ги крши меѓународните санкции.
Бродот што бил запленет се вика „Лајтхаус Винморе“, и според Јужна Кореја, со него се испорачани 600 тони рафинирана нафта.
Санкциите се кршат на отворено море, при што бродови кои носат забранета стока за Северна Кореја се сретнуваат со севернокорејски бродови и вршат трансфер на стоката. По ова севернокорејските пловила се враќаат во некое од пристаништата во земјата.
Фотографии на американски сателити покажуваат дека за три месеци кинеските бродови 30 пати се сретнале со севернокорејските бродови на отворено море и извршиле трансфер на нафта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст