| четврток, 6 декември 2018 |

Помладата сестра на Ким Џонг-ун стана најмоќна жена во Северна Кореја

омладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, влезе во најтесниот политички круг на својот брат и стана најмоќна жена во земјата, покрај сопругата на Ким.

Тоа го покажува фотографијата, објавена во државниот Работнички весник, каде сестрата на Ким седи покрај највисоките функционери, за време на Конгрес на владејачката Работничка партија, објави британски „Телеграф“.

На фотографијата е прикажана Ким Јо-џонг, за која се верува дека има меѓу 28 и 30 години, како седи во првиот ред, во кој седат високи функционери – сите мажи, и аплаудира на нејзиниот брат.

Таа стои покрај десната рака на Ким и потпретседател на партијата Чое Рјонг-хае и двајца секретари од владејачката партија.

Таквиот распоред на седење укажува на „тивка промоција“ на помладата сестра на Ким во најтесниот круг на претседателот и на нејзината растечка улога во земјата.

Таа во октомври беше именувана за член на Политбирото, највисокото извршно државно тело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top