| четврток, 6 декември 2018 |

Грчева: По втор пат ми е хакиран профилот на Фејсбук, некој составил статус во мое име

Солза Грчева тврди дека нејзиниот профил на Фејсбук бил хакиран и дека таа не стои зад статусот кој беше пренесен од страна на медиумите во кој беа изнесени критики за министерот за здравство Филипче, но и членови на неговото семејство.

– Почитувани пријатели, мојот профил е хакиран и не стојам зад последниот “мој“ статус, објави таа.

Таа во својот нов статус пишува дека за министерот за здравство Венко Филипче има контроверзии од самиот почеток, но за неговиот татко немала мислење ниту докази за она што, според нејзиното тврдење, го напишал оној кој и го хакирал профилот.

– Некој умешно составил статус во мое име и ова морам да го демантирам. Ова ми се случува по втор пат, за што ме предупредија мои пријатели, напиша Грчева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top