| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во центарот на Охрид: Мерцедес ја срушил заштитната ограда и се забил во канделабра (фото)

Возило марка Мерцедес излетало од патот и забило во канделабра пред Охридска банка на булеварот Туристичка во Охрид.

Автомобилот ја срушил заштитната ограда покрај патот по што завршил во канделабрата.

Се уште не е позната официјалната причина за несреќата, но најверојатно се работи за неприлагодена брзина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top