| четврток, 6 декември 2018 |

Капушевски за Груевски: Голем човеку направи многу добрина за оваа држава

Екс директорот на Спортскиот центар Борис Трајковски, Ратко Капушевски, на социјалната мрежа фејсбук напиша емотивна порака за екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска беше заменет со Христијан Мицковски.

Капушевски вели дека Груевски направил многу за Македонија и дека во историјата ќе се учи за него, како човек кој работел за доброто на државата.

– Секој ден покрај тебе како мој шеф се надградуваше мојот карактер и на основа на истото и моето домашно воспитание дојдов до ова што сум денес. Ме назначи на 22год како најмалд директор. Не погреши и вратив на Македонија со историски спортски вредности и надоградба на целокупниот спорт во државата каде ти ја водеше. Голем човеку направи многу добрини за оваа држава но и грешки… ( како и секој голем лидер) ти возвратив со резултати на основа на твојата доверба кон мене… ќе те почитувам целиот мој живот на основа на твојата непопусливост кон најважното за државата… Се обидоа да ме оцрнат пред тебе но издржав преку работа и резулати… не заборавај остави генерација која ќе го надгради твоето. Ние учевме од тебе, а учениците се скогаш подобри од учителот… Фала ти на довербата што ме постави истприски најмладиот директор на Националната Агенција за образовни програми и мобилност, потоа шеф на кабинет на општина центар , па директор на СЦ Борис Трајковски…. Ми остана името Ратко- Борис Трајковски… ти возвратив преку придонес со мој развој во приватниот сектор… Ќе ти возвратам за државните интереси и за доброто на оваа наша🇲🇰. Благодарам за довербата… ќе учат во историјата за твоите делувања. – напиша Капушевски на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top